Ложата „Александрија“ претставува Суверено светилиште на Древниот и Примитивен ред на Мемфис-Мизраим, кое е основано во неговиот центар, во Скопје – Македонија и практикува работа на основни и повисоки степени на езотерична масонерија. Ложата „Александрија“ беше признаена и овластена на 10-ти Ноември 6018 година со Повелбата на сувереното светилиште „МИСИР“ ложата на Д.П.Р.М.М. (Древниот и Примитевен Ред на Мемфис и Мизраим), која пак е овластена од мајсторот Тау Ален Гринфилд 97 °, кој е и водач на Движењето на Конгрегацискиот Илуминизам.

Сувереното светилиште на Древниот и Примитивен ред на Мемфис-Мизраим – Ложата „Александрија“ беше овластена и основана со повелба во година на Вистинската Светлина.  Ложата „Александрија“ работи и дејствува во рамките на својата јурисдикција во Македонија, ама преку соработка и интеракција активна е во другите балкански земји во одделите „Рози-Крстови“, „Врховниот совет“, „Конзисториумот“, „Мистичниот храм“, „Големиот трибунал“ и Сувереното светилиште „МИСИР“.

Ложата „Александрија“ е отворена и подготвена да воспостави братски и пријателски врски со сите организации и општества кои ја негуваат Кралската уметност и кои ја прифаќаат либералната и мешаната масонерија како современ пат на саморазвој на човечкото суштество и пред се развој на човечката свест и со тоа го препознаваат,признаваат и прифаќаат  братските организации кои работат на овој начин.

……. ДА БИДЕШ ЕДЕН, МОРАШ ДА ПРАШАШ ЕДЕН………!!!