КОИ СМЕ НИЕ

ALEXANDRIA

Ложата „Александрија“ претставува Суверено светилиште на Древниот и Примитивен ред на Мемфис-Мизраим, кое е основано во неговиот центар, во Скопје – Македонија и практикува работа на основни и повисоки степени на езотерична масонерија. Ложата „Александрија“ беше признаена и овластена на 10-ти Ноември 6018 година со Повелбата на сувереното светилиште „МИСИР“ ложата на Д.П.Р.М.М. (Древниот и Примитевен Ред на Мемфис и Мизраим), која пак е овластена од мајсторот Тау Ален Гринфилд 97 °, кој е и водач на Движењето на Конгрегацискиот Илуминизам.

ДРЕВЕН И ПРИМИТИВЕН РЕД МЕМФИС И МИЗРАИМ

Една од масонските легенди вели дека на почетокот на XII г. век, група од осумдесет и еден масон дошле од Египет во Шведска, каде му ја презентирале својата традиција на тамошниот бискуп, кој им дал благослов и одобрување да работат. Од таму, масонеријата започнала да се шири во Европа.

СТЕПЕНИ

Древниот и Примитивен ред Мемфис и Мизраим е целосно во согласност со Основните Начела на Слободното Sидарство, како што се дефинирани во Уставот на Големата Симболичка Ложа. Редот не е замена, ниту „конкуренција“на Шкотскиот и Јоркширскиот -ритуал, и тој е потполно независна и суверена гранка на повисоките степени на масонеријата.

КОНГРЕГАЦИСКИ ИЛУМИНИЗАМ

Духовниот развој е некомпатибилен со авторитарните структури.Историски и искуствено е докажано дека властите – лидерите, гуруата, „мајсторите“ отсекогаш биле крут столб на хиерархискиот систем што го практикувале.

НАШАТА ФИЛОЗОФИЈА

Комплексноста на современото живеење и обврските во „световниот свет“ обезбедуваат различни можности, но исто така и ограничувања во домените на наоѓање на оние луѓе со кои може да се спроведе сличен или ист начин на духовност. Исто така, постои поголема слобода на комуникација и поотворени канали на знаење.

„И светлината силно светеше во мракот, и тој не ја ОБЗЕДЕ “

To be ONE, ask ONE

info@alexandria.mk

Скопје, Македонија