Комплексноста на современото живеење и обврските во „световниот свет“ обезбедуваат различни можности, но исто така и ограничувања во домените на наоѓање на оние луѓе со кои може да се спроведе сличен или ист начин на духовност. Исто така, постои поголема слобода на комуникација и поотворени канали на знаење.

Ограничувањата на обврските, послушноста и слепите верувања се окови на секоја слобода. На луѓето мора да им се дозволи да не бидат обврзани со крутата структура и строгите одредници на системот. Секој треба да ја следи својата Волја, чувствувајќи низ што, кога и каде се појавува сјајот на личната љубов.

„Духовниот развој е некомпатибилен со авторитарните структури“- гледаме каков е светот, духовните / религиозните структури не ги овозможија и реализираа принципите на развој и универзални слободи, како и спроведувањето на човековите права за повеќето жители на оваа мала планета.

Затоа, авторитативните структури се докажуваат дека се нефункционални и бескорисни – и тие треба да бидат отфрлени (свесни за тоа што претставува сето ова и носи со себе).

“Научниот  Илуминизам  бара недогматски, експериментален пристап” – слепата вера и лојалноста кон авторитивните  верски објекти не донесе просветлување во светот, човештвото е растргнато меѓу секти (која преку финансиски, политички и верски “мод”, наметнуват власт на силата , а не  на  Духот ).

Сектите што се вградија во масовни религиозни деноминации, и покрај одредени елементи што може да се сфатат како разумни, квалитетни и значајни сфаќања на духовноста, доведоа до цивилизациски отстапувања – докажувајќи дека догмите што ги дефинираат не се духовни и дека треба да има слобода во личнита и заедничка религиозност преку различни начини на знаење.

…………. „И светлината силно светеше во мракот, и тој не ја ОБЗЕДЕ “………………..