Историја

Една од масонските легенди вели дека на почетокот на XII г. век, група од осумдесет и еден масон дошле од Египет во Шведска, каде му ја презентирале својата традиција на тамошниот бискуп, кој им дал благослов и одобрување да работат. Од таму, масонеријата започнала да се шири во Европа.

Приказната се враќа во историјата. Самиот почеток на египетскиот обред на масонеријата се потпира на спојувањето на гностичко-христијанските учења („Ред на крстот “) преку Свети Марко со учењата на египетските серафички свештеници („Ред на розата“) претставени од мајсторот Ормус. На овој начин се обединува духовното знаење што го сочинувало јадрото на вистинската Розенкројцерска традиција.

Не треба да ја заборавиме масонската лекција дека Престилката е постара од Златното руно и Римскиот орел – што директно укажува на традицијата што им претходела – во Египет. Египет е античка почва на која биле изградени мистериозни храмови и пирамиди на иницијација, од каде потекнува знаењето што градителите го пренесувале се до денешно време. Во современата историја на масонеријата се спомнува дека грофот Александар Каљостра (1749-1796) бил инициран во тајните на Египетсската Масонерија од страна на „мистериозниот“ мајстор Алтотас во 1776 година (кога бил основан Редот  на Илуминатите) за време на неговата посета на Египет. По добивањето на иницијациите, тој воспоставил нова структура на повисоките степени на Масонеријата. Каљостро бил близок пријател со Големиот мајстор на Редот на Малтешките Витези Мануел Пинто де Фонсека, и добил специјални часови по алхемија од Рајмонд ди Сангра Сан Север. Во реалноста, постоела тајна врска помеѓу Илуминатите и Египетската Масонерија, која била воспоставена во 1785 година (истата година кога започнала репресијата врз Илуминатите). Каљостро исто така го иницирал и Наполеон Бонапарта во Египетската Масонерија,додека пак самата легенда за Редот вели дека за време на Наполеоновите освојувања во Египет имало состанок на племињата -офицери кои биле масони (преку О.Г.Л.А) со одреден таен ред кој ги зачувал античките египетски обреди. До 1803 година во Неапол (Италија) трите бради Бедарид ја примиле врвната мода на Редот, а потоа го развиле обредот во Франција. Четирите највисоки степени се нарекуваат „Аркана Арканорум“(нивната алхемиска содржина е најголемата тајна чувана во светилиштата на обредот) што Каљостро ја добил од витезот Луиџи Аквинас, брат на големиот мајстор на масонеријата во Неапол. Иницијатите  на Редот го одобриле развојот на „надворешната“ структура на обредот, која се состоела од 33 степени, да се равива одделно, што овозможило  да се воспостави „Шкотскиот“ обред и практично да се пренесе од Франција во Америка, каде што бил формиран првиот Врховен совет на овој обред во 1804 година. Исто така, било овозможено да се формира и развива „Јорк-обред“ преку одредени мистерии за изградбата на Соломоновиот храм, кој подетално ги пренесува лекциите за духовност преку архитектонската симболика.

Во текот на 19 век, ритуалот бил тивко одржуван во Ложите на Франција, Англија и Египет (под водство на брат Салваторе Авентура Зола), а Марконис де Негр го донесе обредот во Америка во 1856 година. Во 1881 година, италијанскиот генерал Ѓузепе Гарибалди (33 ° во А.А.С.Р.) станал Голем свештеник на обредот. На почетокот на 20-от век, М и М обредот беше прилично потиснат во масонските средини од два обреди – Шкотски и Јорк, и во еден вид превирања, но сепак продолжувајќи со својата работа, тој е зачуван до денес. Со текот на времето, античкиот и оригиналниот обред се ширел во различни насоки и имал други форми со впивање на системите и духовните традиции на масоните кои ги примиле иницијациите. Во некои гранки, обредот практично го изгуби својот „ритуализам“ толку карактеристичен за масонеријата, а некои пренесоа степени како лекции на знаење, а некои беа разработени од езотерични влијанија што се развиваат во вистински магични духовни системи.

Практично постојат три гранки од повисоки степени кои се најчести. Овие се т.н. Јорк ред, Шкотски обред (А.А.С.Р.) и антички и оригинален обред на Мемфис и Мизраим. Другите обреди, од кои има вистинско мноштво, се до одреден степен или инкорпорирани или крајно слични на горенаведените.

Обредот на Јорк (постојат две „гранки“ кои се разликуваат – англиски и американски) е христијанизирана линија на Масонеријата во храмот, најзастапена во земјите од англиско говорно подрачје.Шкотскиот ред е збир на филозофски и историски степени – тој е практично најбројен во однос на членството – и најпристапен. Скоро сите светски покорности и Големи ложи работат според системот на Шкотски ред од 33 степени. Редот на Мемфис и Мизраим е помал по број, но затоа изобилува со многу повисоки степени – дури 95 оперативни (и неколку титуларни – административни). Овој масонски ред, т.е. Системот е целосно езотеричен и херметички.

Древниот и примитивен ред на Мемфис и Мизраим (скратено Д.П.Р.М.М. или А.П.Р.М.М.) е систем во кој се обединети двете струи на западната традиција на иницијацијата. Некои го нарекуваат дуалистички масонско-илуминистички систем кој вклучува разни форми на ритуали на повисоко ниво. Името на редот потекнува од зборовите „Мисраим“- Мисир – Египет и „Мемфис“ – град кој бил главен култен центар во Египет, каде како врховно божество го  славеле Птах – Големиот градител на сите светови. Само по себе, колку и да е комплицирано, во неговиот развој довел до мешавина на влијанија од разни филозофии, „апсорпција“ на знаењето и е супериорен во однос на Шкотскиот Ред – во некои послушности, додека некои Големи ложи кои го практикуваат „чистиот“ ред ги имаат дури и првите три степени усогласени со египетската симболика. Така, на пр. прием т.е. раѓањето на Масон во Слободноsидарското братство симболизирано со ритуалот на раѓање на египетскиот Бог Хорус, вториот степен го разработува симболичното познавање на египетската духовна традиција, додека Мајсторскиот степен ја опишува смртта на Богот Озирис и неговото вознесение од гробот. Над тоа, како и во Шкотскиот ред, има степени во кои се трага по убијците на мајсторот Хирам Абиф и се спроведува „одмазда“,во египетската масонерија описот следи по потрагата на Исис и делови од телото на богот Озирис и борбата на богот Хорус со мрачниот бог Сет и неговата одмазда заради убиството на Озирис – каде што Тајното име на Бог Ра се  осознава во 14-ти степен, и целосната Победа и осветлувањето во 18-от степен. Понатамошните повисоки степени го следат патувањето на душата низ „постмртниот“свет така што, паралелно со Шкотскиот 33-ти степен, Душата влегува во „Домот на боговите – Дуант“. 34-от степен на Д.П.Р.М.М ја поучува Иницијацијата – Илуминираната(осветлената) душа за духовните закони што управуваат со врховните сфери. Понатаму, се стекнува езотерично, херметичко и окултно знаење – за различни системи и традиции, не само со египетско потекло.

Тау Либеро. ‘ 33 ° 90 ° 96°